За нас
Центарот за компјутери и странски јазици "Атлантис" официјално започна со работа на 01.09.2008.
Основната дејност на центарот е развој на образованието во полето на компјутерските науки и странските јазици. Преку интерактивни курсеви и со употреба на најсовремени методи и технологии се трудиме да им го доближиме на учениците знаењето за компјутерите и странските јазици.
Тоа што не прави различни од другите е начинот на кој се врши обуката и современите средства кои се употребуваат за работа се со цел слушателите побрзо и поедноставно да ги совладаат курсевите. Изучувањето на јазиците се врши со помош на компјутери, интернет, мултимедијални презентации на ЦД и ДВД. За изучување на германски и англиски јазик се користат најновите книги, комбинирани со цедиња од истиот издавач, од кои ќе се користат и вежби преку интернет.
Наставата е интерактивна со цел поквалитетно да се совлада материјалот.
Училницата во која се одвиваат предавањата е опремена со 12 компјутери, со TFT монитори и проектор за поубаво следење на наставата.
Секој слушател работи самостојно на еден компјутер.
За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома.
Предавачите се дипломирани професори во соодветната област што ја предаваат.
|